Прашањата за кои Зоран Заев одговара дека ќе се разгледуваат, за нив ќе се разговара, ќе се дискутира и постојано избегнува да даде конретен одговор, неговите коалициски партнери ги одговараат многу подиректно и јасно, со што постојано го демантираат. Иако Заев убедуваше дека нема да има двојазичност на целата територија, неговиот коалициски партнер, Бујар Османи од ДУИ го демантираше. Османи кажа дека во предлог-законот што е договорен за јазиците се предвидува официјализирање на албанскиот јазик за централна употреба.
– Јазикот што го зборуваат повеќе од 20 проценти од граѓаните е, исто така, службен јазик. Што значи круцијално унапредување што треба да го донесе овој предлог-закон е од локална официјална употреба, албанскиот да го претвори во официјална централна употреба во централните институции. Тука граѓаните ќе ја видат разликата – изјави Османи.
На прашањето кога може да се очекува тоа, Османи изјави дека се надева дека законот ќе биде донесен многу брзо, дека одредувањето на датумот е техничко прашање, дека најважно било тоа што се имаат политички договор. Тој потенцираше дека од Владата има волја да се затвори оваа тема.
– Се надевам многу скоро. Во прашање се недели или месеци, зависи како ќе се подготвиме ние во предлогот на тој закон. Јас реков дека во овој процес на затворање на темите, процесот да биде инклузивен и во него да бидат вклучени сите. Заслуги за процесот на затворање на темите треба да има и опозицијата. Ние се надеваме на поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ – изјави Османи.
Васко Ефтов во својата емисија „Во Центар“ уште пред повеќе од два месеца анализираше дека Заев успеа албанските политички партии и да ги направи клучен фактор за донесување одлуки во државата.
– Со доаѓањето на Зоран Заев да може да формира влада во Република Македонија, тој ги повампири амбициите на албанските политички партии, ја направија тиранската платформа, им се врати чаламот и сега дејствуваат како клучен фактор на македонската политичка сцена, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ мораат да ги прифатат нивните барања ако сакаат да коалицираат со нив. На тој начин не постои ниту еден сериозен политичар во Република Македонија, освен Зоран Заев, кој би коалицирал со албанските партии – смета Ефтов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Бујар Османи: Немам што да кријам, очекувам што е можно побрза и поефикасна истрага
-
Вицепремиерот Бујар Османи осомничен во нова истрага на СЈО „Пациент“