Шефот на пратеничката група на СНС во Собранието на Србија, Александар Мартиновиќ за в понеделник закажал состанок на пратеничката група, јавија белградски медиуми.
Според „Блиц“, состанокот ќе се одржи во Белград.
– Претседателот Александар Вучиќ доаѓа да нè убеди нас пратениците од СНС да гласаме за одлуката за изборот на Ана Брнабиќ за премиер – изјави партиски извор за весникот.
Претставниците на Единствена Србија на Драган Марковиќ ќе гласаат против изборот на Брнабиќ за прмеиер.
Ниту во СНС нема единство, па најмалку една третина од 102 пратеника, колку што имаат од СНС, негодуваат поради одлуката на Вучиќ мандатот да ѝ го довери на досегашната министерка за државна управа, нагласува весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


