| четврток, 6 декември 2018 |

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон доаѓа во Македонија

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон наскоро доаѓа во Македонија, дознава Република од дипломатски извори.

Истите извори брифираат дека шефот на Стејт департментот планира да допатува во Македонија во јули или во септември, а целта на посетата ќе бидат токму спорот за името и членството на Македонија во НАТО.

Последен пат Македонија била посетена од вака висок дипломат од САД во далечната 2003 година. Тогаш дојде државниот секретар Колин Пауел кој се смета за еден од најзаслужните за признавањето на Македонија од САД под уставното име.

Со какви пораки ќе дојде актуелниот прв човек на американската дипломатија за сега не е познато. Но повеќе од јасно е дека тогаш ќе се расчистат многу дилеми за причините за насилната промена на претходната власт и за инсталирањето на Заев на премиерската позиција.

 

Шеесет и петгодишниот Тилерсон е еден од најблиските соработници на американскиот преседател Доналд Трамп и негов советник за национална безбедност. Целиот работен век го поминал во нафтениот бизнис. Пред да ја преземе функцијата во Стејт депратментот беше претседател на најголемата нафтена компанија во светот „Ексон –Мобил“. Тој се наоѓа на 24. место на листата на Форбс на најмоќни луѓе во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top