Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува непартиската граѓанска иницијатива на стружани за разрешување на проблемот со дивата депонија, изјави за ТВ Нова пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
– Сметаме дека најголемата одговорност ја носи градоначалникот на Општина Струга, Зијадин Села. Неговото недејствување подолго време и бистрење на високи политики за национални прашања, за знамиња, за химни, за идентитети и за некакви други апстрактни или националистички работи нѐ доведува и нѐ соочува со реалноста неговите луѓе и поддржувачи и нашите луѓе и поддржувачи во Струга да страдаат од конкретни проблеми како што е проблемот со депонијата, вели Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.