| четврток, 6 декември 2018 |

Лондон и ЕУ во понеделник ги почнуваат преговорите за Брегзит

Преговорите на Велика Британија со Европската Унија за напуштањето на земјата на заедницата ќе почнат во понеделник, на 19 јуни, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на британското Министерство за Брегзит.

„Дејвид Дејвис, министерот одговарен за излезот од ЕУ, и главниот преговарач од страна на Европската комисија, Мишел Барние, денеска се договорија преговорите да почнат на 19 јуни“, во заедничко коминике соопштија британското министерство и ЕК.

Овој датум беше договорен пред предвремените парламентарни избори во Велика Британија, што се одржаа на 8 јуни. Ударот, што го претрпе британскиот премиер Тереза Меј, чија Конзерватива партија го загуби своето апсолутно мнозинство во Парламентот и која сега преговара за состав на нова малцинска влада.

Се очекува Велика Британија да ја напушти ЕУ на крајот на март 2019 година,­ две години откако Тереза Меј и официјално ја почна процедурата за излез на земјата од ЕУ, на 29 март годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top