| четврток, 6 декември 2018 |

Богатите клиенти плаќаат и до 10.730 евра за да им ја пронајде совршената половина

Лоуени Ворд е сопственичка на елитна агенција за спојување на двојки “Perth’s Millionaire Matchmaker”  која повеќе од две децении им мести жени на милионерите. Богатите клиенти плаќаат и до 10730 евра за да им ја пронајде совршената половина, пишува DailyMail.

Жените често ја прашувале што најмногу ги привлекува милионерите па Ворд решила да ја одгатне мистеријата. Откако испрашала 200 мажи направила список на особини кои на овие мажи најмногу им привлекуваат внимание. Како физичка особина број еден, наведена е насмевката.

-Веќе долга низа години зборувам дека мажот нема да се вљуби во жената која постојано е намуртена“, кажала таа.

Како втора најдрага работа кај жените, богаташите ги навеле очите. Трето место заземал задникот.

-Мажите сметаат дека задникот е попривлечен од градите, така што мили моои девојки, почнете да правите чучњеви“, им порачала таа на сите кои сакаат да си „фатат“ богат маж.  На списокот потоа следат нозете, долгата коса, убави стапала и нокти.

Што се однесува до карактерните особини, милионерите ја навеле интелигенцијата како број еден.

-Мажот мора да разговара со жената. Тоа е многу важно за него“, изјавила Ворд. Втората особина е женственоста.

-На мажите им се допаѓа кога жената се однесува како жена и ја бараат онаа која зрачи со женственост“, додала таа.

Следно на листа се разиграност, смисла за хумор и самодоверба, по кои следела желбата за секс.

Интересна е ставката под број шест која милионерите ја навеле помеѓу најпосакуваните особини кај жените – ранливоста.

-Жената не мора постојано да биде силна Комбинација од самодоверба и ранливост силно име привлечена на мажите“, кажала.

Многумина мажи се сложиле со нејзината листа и спомнале дека едвај чекаат женски список на најпосакувани особини кај мажите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top