Првата асоцијација која луѓето ја имаат кога станува збор за Близнаците е – дволичност. Сепак, секој Близнак ќе ви каже дека тие не се дволични, само се многу комплексни и многу лесно и брзо го менуваат мислењето и чувствата.
Променливоста е вистинскиот збор за оваа двоен знак. Експресивен и остроумен, Близнакот претставува две различни страни на една личност и никогаш нема да бидете сигурни со која ќе се соочите. Од една страна Близнакот може да биде друштвен, комуникативен и подготвен за забава, додека на другата страна овој знак знае да биде замислен, сериозен, немирен, па дури и неодлучен. Двете Близнака се способни да се прилагодат на животната средина, поради што е прекрасно да ги познавате. Ништо не е досадно кога Близнаците се во главната улога.
Како воздушен знак, Близнаците се занимаваат со сите аспекти на умот. Како и другите воздушни знаци, Вага и Водолија, Близнаците имаат потреба да го користат својот ум, не само за идеи, туку и за истражување на светот околу нив. Близнаците мораат себе си да си поставуваат животно комплицирани прашања се со цел да се развиваат и растат.
Нивниот карактер е подложен на промени, а вообичаени се и чести промени во расположението. Променливите луѓе се често и флексибилни, а ова важи во целост за Близнаците. Тие се лесно прилагодливи и можат да се справат со многу работи одеднаш. Близнаците се љубопитни и паметни, брзи и јасни во своите размислувања, а тоа е причината зошто тие стануваат многу актуелни кај околината. Иако сакаат да зборуваат, тие, исто така, сакаат да слушаат и да научат. Нивен главен адут е интелектот и мисловната ефективност.
Близнаците имаат потреба да освојуваат, постојано да откриваат и да запознаваат. Едни од најпосакуваните личности во хороскопот, постојани заводници и флертувачи, Близнаците бараат личност која ќе биде интересна и привлечна, но со која ќе можат да остварат и интелектуален контакт. Проблемот со Близнаците е во тоа што најдобро им е на почетокот на врската, кога го откриваат партнерот и набргу ги дознаваат сите негови особини. Но, поради потребата од возбуда, лесно и без емотивен набој, го напуштаат партнерот и тргнуваат во потрага по друг. Многумина затоа ги нарекуваат дволични и несериозни. Близнаците барааат некој сличен на себе, весел и расположен за забава, а не некој кој ќе биде претерано љубоморен и посесивен. Многу лесно знаат да влезат во врски кои се базираат на секс, а не на емотивно поврзување за кое речиси и да немаат потреба. Многу доцна сознаваат што всушност сакаат па затоа и не се двоумат да побараат развод ако почувствуваат дека се гушат и дека слободата им е единствен излез.
Близнаците имаат добри односи со воздушните (Вага, Водолија) и огнените (Овен, Лав, Стрелец) знаци, додека несогласувања се јавуваат со земјените (Бик, Девица, Јарец) и водените (Рак, Шкорпија, Риби) знаци.
Близнаците се управувани од страна на планетата Меркур, која претставува комуникација, пишување и учење на другите. Оваа планета се движи многу брзо, што понекогаш значи дека вниманието на Близнаците е многу краткотрајно. Тие се одлични уметници, писатели и новинари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.