| четврток, 6 декември 2018 |

Невреме во Велес, Свети Николе и Скопје

Невреме со пороен дожд, грмежи, град и засилен ветер попладнево го зафати Скопје и Скопската котлина. Управата за хидрометеролошки работи соопшти дека невреме имало и во Велес и Свети Николе, а се очекува и во Тиквешкиот регион.

Нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места и во текот на вечерните часови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Во текот на утрешниот ден, претпладне и околу пладне, во западните делови се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а попладне нестабилно ќе биде и во југоисточните делови. Минималната температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а максималната од 23 до 32 степени. УВ инкексот ќе биде 6.

Позначителна нестабилност повторно се очекува во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top