| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа влажен бран кон Македонија: Град и грмотевици, за викендот ќе биде уште полошо

Следува период на променливо и нестабилно време со локални врнежи од дожд со променлив интензитет и проследени со грмежи.

Денеска попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните и северните делови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Утре ќе преовладува променливо облачно време. Претпладне и околу пладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, ќе биде во западните, а попладне во југоисточните делови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top