| четврток, 6 декември 2018 |

Жени убијци: Муслиманските сестри ќе сеат смрт во Европа!

Лидерката на жените џихадисти говореше за „валканите Евреи“ и го пофали подемот на Исламската држава. Таа им се смее отворено на британските власти и нивните обиди да го потиснат екстремизмот.

-Кога го видов лицето на Курам Бат како гледа во мене од насловната страна на весниците минатата седмица, откако беше именуван како еден од тројцата напаѓачи во терористичкиот напад во Лондон, бев потресена“, ја започна својата приказна новинарката која пред две години за „Канал 4“ го направи документарецот „Џихадисти од соседството“.

-Тоа ме врати во периодот од пред две години кога го снимав со скриена камера додека протестираше, облечен во посебна облека со марама на главата пред една џамија во Лондон“, раскажува новинарката.
Таа со својата екипа тајно го снимала документарниот филм за „Канал 4“, без да се фокусира на Бат и неговите колеги исламисти, туку на една помалку очигледна група – на „сестрите“, жени, радикални исламистки кои што своите ставови не ги шират на интернет, туку зад затворени врати.

-Сега мојот најголем страв е дека една од тие жени, или уште полошо, некои од нивните деца, ќе бидат следните кои што ќе убиваат невини луѓе, како што тоа го стори Бат.

Нападот во Лондон пред две седмици ја натера новинарката да се сети на документарниот филм кој го снимаше, каде што се споменуваше еден од луѓето кои што го изведоа терористичкиот напад. Таа сега се сеќава на пропагандата која што ја ширел тој, но и муслиманските жени. Тие биле дел од забранета група во Велика Британиј – Ал Мухаџирун.

Нивниот лидер бил уапсен и сега е во затвор, но неговите следбеници ја продолжиле „работата“ и без него, а токму еден од тие членови – Курам Бат, беше еден од напаѓачите пред две седмици. Жената која што ги водела „муслиманските сестри“ е негова сопруга, станува збор за Рубана Актар.

-Омразата кон „неверниците“ е длабоко вкоренета во оваа верзија на Исламот. Овие жени веруваат дека Исламската држава е вистинскиот Калифат. Всушност, тие се заколнати во верноста кон Исламската држава“, раскажува новинарката која со месеци се обидувала да ѝ пристапи на тајната група на „муслиманските сестри“ и конечно успеала да се запознае лично со Рубана.

Новинарката открива дека многу жени се сомневале во неа и ја намалиле острата реторика, но сеедно, нивните ставови биле во најмала рака шокантни. Рубана зборувала за „валканите Евреи“ и имала пофални зборови за ИСИС. Таа им се смеела на обидите на британските власти да го уништат исламскиот екстремизам, а се смеела и кога дознала дека еден јордански пилот бил жив запален од страна на џихадистите.

Tocka.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top