| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил влета во бетонски ѕид – жена итно на Ургентен во Скопје

Педесет и едно годишната скопјанка Л.Г. е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера утрината се случила на автопатот Тетово-Скопје. Таа возејќи автомобил „Дајхатцу Териос“ удрила во бетонски ѕид од автопатот, по што веднаш со Брза помош била донесена на Ургентен во Скопје.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на полициски екипи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top