| четврток, 6 декември 2018 |

Приведен Аца Лукас, погледнете што направил…

Фолк пејачот Александар Вуксановиќ, познат како Аца Лукас денеска е проведен поради нанесување повреди на фоторепортер на „Српски телеграф“, објавуваат српските медиуми.

M. Л., фоторепортер на овој весник изјавил дека инцидентот се случил кај хотелот “M”.

-Бев на задача. Го видов како претрчува преку улица…и дојде човекот, сакаше да ме убие. Јас го заштитував фото-апаратот и му викав: „Што ти е Ацо, дај смири се“. Ме удри по глава десеттина пати и во еден момент ми се замагли пред очите, изјавил за „Новости“ фоторепортерот додавајќи дека не возвраќал на ударите туку дека го држел Вуксановиќ за раце.


Тој рече дека го држел Вуксановиќ за раце и откако рзмениле неколку збора го пуштил.
-Сметав дека се смири. Гледав каде ми е апаратот бидејќи беше фрлен и искршен, да видам што се случило со опремата. Одеднаш добив удар во вратот со летва, а вториот удар го блокирав со рака. Му ја одзедов летвата и го заградив до оградата која пукна додека се туркавме, изјавува фоторепортерот.
„Би требало да носам лекарско уверение во полициската станица Вождовац“, додадва.
Според сведочењето на друг новинар кој бил на местото на настанот, Лукас ја земал летвата со клинци и со неа го удирал Лучиќ и истакна дека фоторепортерот молел и го преколнувал да престане.
Медиумите известуваат дека во тек е сослушувањето на познатиот пејач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top