| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно дожд со локално невреме

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека повторно не очекува период на променливо и нестабилно време со локални врнежи од дожд со променлив интензитет, како и силни грмежи.

Денoвиве имавме силно сонце и високи температури, но следува дожд со локално невреме – ваквата пракса ќе продолжи и до крајот на оваа седмица. Според прогнозата на синоптичарите денеска небото ќе го шараат само ситни облаци. А температурата е за неколку степени над просечната за овој период од годината. Но веќе од утре сонцето ќе биде целосно сокриено – од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека повторно не очекува период на променливо и нестабилно време со локални врнежи од дожд со променлив интензитет, како и силни грмежи.

И прогнозата за претстојниот викенд не остава простор в сабота и во недела да заминете некаде на викенд. Нов, поинтензивен влажен бран метеоролозите најавуваат за в сабота попладне. Силниот ветер од северен правец дополнително ќе ја намали температурата за цели 10 степени во споредба со денешната – за споредба денеска беа измерени 34, а во недела се очекува живата на термометарот да не помине над 27 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top