Со филмот „Музиката на Џанго“ в среда, (20,30 часот) почнува јубиленото, 10. издание на Францускиот филмски фестивал кој е во огранизација на Францукиот институт во Скопје.
„Музиката на Џанго“ е приказна за џез-музичарот Џанго Ренар и со овој филм се отвори годинашното Берлинале.
Пред утрешното отворање на фестивалот, во „Милениум“ ќе биде отворена изложба на портрети од најзначајните гости во изминатите 10 години направени од фотографот на фестивалот Милан Стрезовски.
Оваа година Фестивалот годинава ќе гостува во десет града низ Македонија. По Скопје, овој месец фестивалот ќе гостува со по три филма во Народниот театар во Велес (16-18 јуни) и во Центарот за култура во Прилеп (21-23 јуни). По летниот период ќе продолжи со филмски ревии во други градови и ќе заврши во ноември на фестивалот „Синедејс“ со познати гости.
– Во изминатата деценија прикажани се околу 100 филма, гостувале повеќе од 60 гости од филмскиот свет од Франција кои се сретнале со македонската публика. За една деценија прикажани се филмови кои добиле престижни награди во Франција или на фестивалот во Кан. На фестивалот гостуваа актери, режисери, продуценти и така се создаде врска меѓу луѓето од филмскиот свет од Франција и Македонија – изјави директорката на Францускиот институт-Скопје Изабел Марки-Марбо на денешната прес-конференција.
Филмската критичарка Сунчица Уневска се осврна на француската кинематографија во изминатите десетина години, појавата на францускиот нов бран со Гаспар Ное и Метју Касовиц.
– Француската кинематографија е една од најсофистицираните, чија продукција е исклучително жива. Таа успева да зборува за актуелни, но понекогаш и за стари теми, но од нова перспектива. Не треба да се заборави дека француските филмови се дел од најпрестижните фестивали – годинава Берлиналето го отвори „Музиката на Џанго“ – филм за пионерот на европскиот џез, Канскиот фестивал исто така беше отворен со француски филм, а во Кан годинава триумфираше францускиот „Сто дваесет отчукувања во минута“. Добро е што за јубилејот ќе има ревии на француски филмови и што публиката низ цела Македонија ќе има можност да ги погледне, додаде Уневска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст