| четврток, 6 декември 2018 |

Цел лекарски тим на готовс: Бијонсе сака да роди бизнаци дома

Бијонсе сака да ги роди дома, и за таа цел во нејзиниот дом во Холивуд е изграден и подготвен цел простор за раѓање.

Се очекува пејачката и нејзиниот сопруг – раперот Џеј Зи, да станат родители по втор пат во наредните недели. Заради безбедноста на мајката и децата двојката одлучила дека најдобро ќе биде раѓањето да не биде во болница, туку во домашни услови. За таа цел во нивниот дом има прилагодено дополнитлен дел, во кој во изминатите денови беше донесена потребното за раѓањето опрема, вклучувајќи и инкубатор.

Според извор на весникот. “Мејл он Сандеј” главна причина за невообичаено решение на пејачката е нејзината безбедност и зачувување на нејзината пприватност . “Таа е во одлична физичко здравје и се подготвува професионално за породилниот чин во куќата каде таа треба да роди. Исто така ќе има и брза помош, подготвена да ја однесе до болницата “Седрс-Синај”, ако таа или бебињата имаат потреба од болнички грижи “, вели изворот. Пејачката, која е на 35 години, и нејзиниот сопруг се надеваат дека раѓањето дома ќе ги заштити од конфликтните гласини кои се појавија при раѓањето на нивното прво дете – петгодишната ќерка Блу Ајви. Таа се роди во болница во Њујорк, каде беше изнајмен целиот кат, а другите пациенти се пожалија од многуте фанови и стража околу пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top