| четврток, 6 декември 2018 |

Криминалец разнесен во експлозија на автомобил

Во експлозија бомба утрово загинал Слободан Трниниќ од местото Прњавор кај Шабац, Србија, која била подметната под неговиот автомобил.

Експлозијата одекнала во 8:30 часот, на магистралниот пат Шабац-Лозница, во близина на семејниот дом и кафеаната чиј сопственик бил Трниниќ.

Во експлозијата автомобилот бил целосно уништен, а делови од него летале и до 40 метри.

На местото на експлозијата веднаш пристигнала екипа на Итна медицинска помош, Трниниќ давал знаци на живот, но починал на патот кон болницата во Шабац.

Според српските медиуми, Трниниќ ѝ бил познат на полицијата бидејќи имал „дебело“ криминално досие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top