Според британскиот „Дејли Телеграф“, министри во британската Влада водат тајни разговори со пратеници на опозициската Лабуристичка партија за обезбедување меѓупартиска поддршка за поедноставен процес за Брегзит.
Весникот открива дека со некои од најпознатите високи членови на тимот Тереза Меј се разговара за тоа како да ја натераат премиерката да направи отстапки за имиграција, царинската унија и единствениот пазар. Исто така, се дискутирало и за меѓупартиска комисија за Брегзит која ќе договори заеднички јазик меѓу двете страни и со тоа да се обезбеди уреден повлекување на Велика Британија од Европската Унија.
Се очекува Лабуристите да издејствуваат завршување на седумгодишните остри мерки на штедење и буџетски кратења, како и за одмрзнување на платите на вработените во јавниот сектор, што опозицијата го заговараше и во текот на изборната кампања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.