| четврток, 6 декември 2018 |

Поднесени над 2.100 барања за субвенција за купување велосипед

Од објавувањето на јавниот повик до денеска на шалтерите на Град Скопје се поднесени повеќе од 2100 барања за субвенција за купување велосипед.

Од Град Скопје информираат дека формираната Комисија секојдневно ги обработува пристигнатите барања и одлучува по истите согласно однапред донесените критериуми за добивање на субвенции за набавка на велосипед.

-Имајќи во предвид дека средствата кои Градот Скопје ги предвиде за оваа намена се ограничени (10 милиони денари) и истите се речиси исцрпени, апелираме до сите заинтересирани за добивање на надоместок на дел од трошоците за набавка на велосипед истото да го сторат што е можно поскоро, соопштуваат од Градот.

Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците за купување велосипед, заедно со потребната документација, треба да се достави до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 09:30 до 15:00 часот.

Јавниот повик со критериумите и барањето се достапни на следната интернет врска – http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top