| четврток, 6 декември 2018 |

Омилената секс-поза го открива што мисли за вас

Некои сексолози тврдат дека секс-позата што најчесто ја практикува вашиот партнер може да ги открие чувствата што тој ги има кон вас.

„Кучешка поза“

Доколку вашиот партнер ја обожава оваа поза можеби и треба да се запрашате за вашиот однос. Мажите што ја претпочитаат оваа поза, не сакаат сериозни врски.

Лажица
Доколку не знаевте, ова е поза во која мажот е припиен до жената и ја допира со своето тело по должината на нејзиното тело. Овие мажи, кои ја претпочитаат оваа поза, имаат силни емоции за жената со која водат љубов.

Жената врз мажот
Вашиот партнер го сака вашиот изглед. Тоа значи дека му се допаѓа како изгледате и сака постојано да ве има на око.

Поза „69“
Мажот на кој оваа поза му е омилена подготвен е за моментално уживање. Тој не ја доживува партнерката како некој со кого би сакал да го помине животот.

Мисионерска поза
Оваа поза, исто така како и позата „лажица“, е знак дека вашиот партнер ве обожава. Сè што ви е потребно е малку разновидност, возбудување и спонтаност во спалната соба.

Секс набрзинка
И покрај големиот број обврски, вие наоѓате време за секс. Доколку е така, вашата врска е полна со спонтаност и со страст. Понекогаш ви е тешко да се воздржите и да ги чувате рацете подалеку еден од друг

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top