Преговарачкиот тим на ЕУ е подготвен за разговорите за излез на Велика Британија и се надева дека ќе се реализира договорената временска рамка за преговорите, кои треба да почнат на 19 јуни, изјави денеска европскиот комесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.
– На Британија е да формира Влада и се надеваме дека тоа ќе се случи наскоро. Резултатите, најверојатно, нема да ги поедностават работите, но од наша страна, подготовките се направени. Господинот Мишел Барније е подготвен со својот тим – рече Хан на прес-конференцијата.
Според неговите зборови, ЕУ е многу заинтересирана за добар исход и сака да се придржува на предвидената временска рамка за разговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.