Бројот на туристите во април годинава во Македонија изнесува 68.047, а на ноќевањата 140.081, што во однос на април лани е зголемување за 18,4 проценти, односно за 18,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Бројот на домашните туристи во април годинава споредено со април лани е зголемен за 15,8 проценти, а на странските за 19,6 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 15 проценти на бројот на ноќевањата, а на странските туристи за 21,1 процент. Најмногу туристи имало од Турција, Грција, Бугарија, Србија, азиските држави, како и од Германија, Хрватска, Косово, Албанија,…
Статистичките податоци покажуваат дека во периодот јануари – април годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10,7 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 9,4 проценти, а кај странските за 11,4 проценти. Во периодот јануари – април годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9,8 проценти, при што кај домашните туристи има зголемување за 3,4 проценти, а кај странските за 14,6 процент
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст