| четврток, 6 декември 2018 |

Со претставата на МНТ „Копање“ се затвори Фестивалот во Грац

Вчеравечер Македонскиот народен театар (МТ) ја имаше честа да го затвори фестивалот „Драматикериненфестивал“ (Dramatikerinnenfestival Graz) во Грац, Австрија, со претставата „Копање“ во режија на Франц фон Штролхен, информираат од МНТ.

Претставата имала две изведби (на 10 и 11 јуни) на големата сцена во несекојдневниот објект Дом им Берг, а двете изведби на претставата доживеаа големи успеси пред преполна сала со повеќе од 600 луѓе кои ја поздравија актерската екипа со долготрајни аплаузи и овации.

Станува збор за специфичен објектот кој е исполнет со мрежа на тунели и се наоѓа во стариод дел на Грац, а во времето на Втората светска војна се користел како скривница.

Сега објетот е адаптиран и функционира на неколку нивоа и располага со повеќе сцени на кои се изведуваат претстави, концерти, перформанси, работилници, проекции на филмови, журки и други културни настани. Фестивалот се одржа од 6 до 11 јуни.

Ова патување е дел од мини турнејата на МНТ. Потоа со истата претстава, на 14 јуни следува гостување на Фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп, а на 18 јуни МНТ со претставата „Животот е прекрасен“ гостува на денови на сатира и театар во организација на театарот „Керемпух“ во Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top