Специјален тим составен од домашни и од странски адвокати и лекари во име на жртви, подготвуваат тужба против 19 членки на НАТО, кои учествуваа во бомбардирањето на Србија, објави Радио-телевизија Србија (РТС).
Лекарите треба да докажат дека постои врска меѓу порастот на најтешките болести и користењето ураниум за време на бомбардирањето.
Врз Србија во 1999 година според признание на НАТО, биле фрлени над 10 тони ураниум, главно на Косово, но и на четири локации на југоисток на Србија.
Уште во првите две години по бомбардирањето е регистриран зголемен број хематолошки и бубрежни заболувања.
– Сега статистиката зборува за енормен процент. За епидемија на малигни болести, аномалии кај новородени, самиот факт дека кај едно дете дневно се утврдува малигно заболување, доволно зборува за ризикот – изјави Радомир Ковачевиќ,член на тимот, токсиколог во Институтот за медицина на трудот и радиолошка заштита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил