| четврток, 6 декември 2018 |

Фејсбук воведува новост која многумина ќе натера да си го избришат профилот

Најпопуларната социјална мрежа на светот најави новина која сериозно ги загрижи нејзините корисници, со која сериозно се доведува во прашање приватноста на сите кои ја користат.

Имено, Фејсбук развива нова технологија со чија помош ќе може да ве шпионира. Популарната социјална мрежа патентира технологија која овозможува преку паметниот телефон да го сними вашиот израз на лицето за да може да ги следи вашите реакции кон одредена содржина.

Принципот е едноставен: Ако на некоја објава реагирате позитивно, тогаш социјалната мрежа ќе ви понуди повеќе такви објави.

Патентот е измислен уште во 2015 година, а го потпишува софтверската компанија „CBI Insight“. По овие најави, огромен дел од корисниците преку оваа социјајлна мрежа коментираат дека штом ова ќе биде ставено во функица, веднаш ќе го избришат својот профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top