| четврток, 6 декември 2018 |

Го чекаше ова цели 12 години: Како реагираше Анистон на извинувањето на Бред Пит

Бред Пит и Џенифер Анистон се венчаа пред 17 години, а нивниот брак траеше 5 години бидејќи актерот го прекина откако ја запозна Џоли. Во последните 12 години во кои Пит беше во брак со Анџелина, тој никогаш не говреше за врската со Анистон, но сега по повеќе од една деценија, се одлучил да и упати извинување на ѕвездата од „Пријатели“.

– Бред и се извини на Џенифер за сета болка која и ја нанесе. Тој отсекогаш бил затворен и длабоко во себе ги чува своите емоции, но по терапиите сега е променет. Сфати дека ја повреди и затоа и се извини, открил извор близок до актерот за магазинот „Лајф енд Стајл“.

За реакцијата на Анистон пак, прокоментирала една нејзина пријателка.

– Позитивно реагираше на извинувањето. Сега е важно двајцата да продолжат напред. Го разбира и поддржува својот поранешен сопруг, изјавила таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top