Во текот на вчерашниот ден во 10 часот и 40 минути во Скопје, на булеварот „8-ми Септември“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Рено Лагуна“ со скопски регистерски таблици управувано од 58-годишниот С.С. од селото Арнакија и возило „БМВ“ со скопски регистерски ознаки управувано од 49-годишниот Р.Н. од Индија, а со времен престој во село Бардовци-скопско.
При незгодата Р.Н. се здобил со тешка телесна повреда и тоа фрактура на шести цервикален пршлен, констатирани во „Аџибадем Систина“, каде што е задржан на лекување.
Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.