| четврток, 6 декември 2018 |

Заев најавува нова реформа: Ќе го испереме Мерцедесот во вторник

Претседателот на СДСМ и Владата на Република Македонија Зоран Заев најави уште една реформа која ја немаше во предизборната програма, тиранската платформа, ниту во владината програма за работа: перење на мерцедесот за превезување високи странски делегации.

„Еве, како што можам да најавам денес, се надевам што ќе наиде на голем позитивен оддек меѓу јавноста, ние ја слушнавме јавноста и гласот на граѓаните и решивме на владина седница која ја свикав итно, да го испереме мерцедесот во вторник, 13-ти јуни 2017-та година“, изјави Заев.

Заев рече дека веднаш откако видел колку е валкан мерцедесот кој на јавноста и го покажа Спасовски, изреагирал и ги свикал сите членови на владата и уште десетина советници на итен состанок.

„Направивме дебата, значи ја отворивме дебатата, што да правиме со мерцедесот. И дебатирајќи заклучивме дека не треба да се продава, туку да се измие. Сите бевме возбудени и многу среќни што се сетивме на оваа генијалност и преку дебата дојдовме до ова решение и се надевам верувам дека и јавноста ќе може да здивне и да се смири бидејќи ќе ја направиме и оваа реформа, ќе го измиеме мерцедесот“, додава Заев.

Оваа реформа за перење на мерцедесот која е резултат на голема дебата ќе се спроведе во вторник бидејќи, рече Заев, во понеделник во пералните нема место бидејќи ќе се перат автомобилите на Вице и Шекеринска.

„Ете, откако јас се исправ за мерцедесот на телевизија па соопштив дека тоа што го зборевме дека е скап беше во кампања кажано и дека е добро што е набавен и ќе го користиме, сега во вторник ќе го испереме и него и така испрани ќе може уште нови реформи и дебати да отвараме што значи за граѓаните најубаво дека ќе биде. Министерот Спасовски ќе ве покани на перењето, а верувам и дека објективните медиуми ќе вршат директен пренос од перењето на мерцедесот после што ќе дојдам јас и ќе отворам уште некоја дебата, врата и багажот за да се види колку е чист“, заврши Заев.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

 

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top