| четврток, 6 декември 2018 |

Баш му се погодија наследничките-Брега и пред бракот со Џенана имал ќерка!

Горан Бреговиќ од 1993 гоидна е во брак со Џенана, со која има три ќерки, Уна, Лула и Ема. Но ова не се единствените деца на Брега. Имено тој пред сегашниот брак бил со сараевска манекенака, Јасенка, со која ја има ќерката Жељка.

Жељка со семејството живее во Австрија и физички многу потсетува на славниот татко. Завршила студии на дизајн, а пред 16 години ја родила ќерката Бјанка и така на познатиот музичар му го подари првото внуче.Бјанка веројатно ќе биде како дедо и, со оглед на тоа дека одлично свири клавир.

Најстарата ќерка на Брега вторпат стана мајка пред неколку години кога доби уште една ќерка.

Бреговиќ изгледа е предодреден за женско потомство, бидејќи неколку генерации во неговото семејство се раѓаат само девојчиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top