Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на утрешниот ден, поради одржување на фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Шпанија, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. Сите детали може да ги прочитате во продолжение.
Во врска со одигрување на утрешниот (11.06.) меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Шпанија, на фудалскиот стадион “Телеком арена“ во Градскиот парк со почеток во 20.45 часот, СВР Скопје, согласно планот за сообраќајно и физичко обезбедување, утре во периодот од 15 часот ќе воведе посебен режим на сообраќај на возила и движење на пешаците во деловите од градот во непосредна близина на Градскиот парк.
Односно ќе биде ограничено движењето на возилата по следните улици кои водат кон фудбалскиот стадион: Бул. “Илинден“, ул. “Ристо Шишков“, ул. “Аминта 3-ти“, ул. “Наум Наумовски-Борче“, како и по сервисните улици во Градски парк околу фудбалскиот стадион.
Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по горенаведените сообраќајници за влез кон фудбалскиот објект, а во однос на пешаците ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат карти за гледање фудбалскиот натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.