Вчера стана јасно зошто сопругата на српскиот претседател Александар Вучиќ, Тамара, не се појавуваше во јавноста, па дури не присустуваше на неговата инагурацијата за претседател на државата. После претходната бременост која заврши фатално за бебето Нева, на Тамара лекарите и препорачале во оваа бременост повеќе да мирува и да внимава на себе, поради што беше на некој начин целосно изолирана од државничките обврски на својот сопруг.
Очигледно внимателноста не беше на одмет, па Тамара Вучиќ на свет донесе здраво машко бебе.Бебето е родено 15 дена пред терминот, но е тешко 3.250 грама и ги добило највисоките оценки од лекарите.
Среќната вест за проширување на семејството, Вучиќ ја дочека во Казахстан, каде престојувал работно, но својата радост ја сподели на Твитер.
-Мама Тамара Вучиќ и бебето се добро, се наоѓаат во Народен Фронт. Бидејќи бебето е родено 15 дена пред терминот, а поради поранешните проблеми со бременоста, веднаш се идело на породување- изјавил извор од болницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст