Американскиот претседател Доналд Трамп ги демантираше наводите дека од поранешниот директор на Федералното биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, барал да престане да го истражува неговиот поранешен советник за национална безбедност Мајкл Флин за наводните врски со Русија и рече дека е „стопроцентно“ подготвен под заклетва да ја изнесе и својата верзија на случајот.
Привично во петокот на Twitter американскиот претседател Доналд Трамп се огласи и го обвини Џејмс Коми за лаги, ден откако поранешниот директор на FBI пред комитетот на Сенатот за своите состаноци со Трамп.
На прес-конференцијата по средбата со романскиот претседател Клаус Иоханис, американскиот претседател одговараше на новинарските прашања за случајот Коми. Запрашан дали би бил подготвен да сведочи за своите разговори со Коми, Трап одовори „стопроцентно“.
Коми го обвинил Трамп дека се обидел да ја блокира истрагата против неговиот поранешен советник за национална безбедност Мајкл Флин, како и дека Белата куќа го оцрнила заедно со FBI обидувајќи се да објасни зашто е сменет. Коми, исто така, рекол дека водел детални белешки за секој разговор со Трамп за да има документација за тоа.
Трамп одби да одговори на прашањето дали постојат снимки од неговите разговори со Коми, како што претходно објави на социјалните мрежи, меѓутоа реле дека за тоа „наскоро“ ќе има повеќе да каже, но и предупреди „Ќе бидете многу разочарани кога ќе го слушнете одговорот“.
Тврди дека во разговорот со поранешниот директор на FBI не покажал „никакви заговори, никакво попречување“ на правдата.
-Искрено, Џејмс Коми потврди многу работи кои ги кажав, а некои работи кои ги изнесе не се вистините- изјави американскиот претседател пред новинарите.
Челничката на демократите во Конгресот, Ненси Пелоси, претходно во петокот изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп без секакво сомневање ги злоупотребил своите овластувања во врска со Коми, но останува да се види дали го прекршил законот.
Зборувајќи пред новинарите по сведочењето на Коми пред сенатскиот комитет за разузнавачката заедница, Пелоси рече дека Трап ги „минал границите“ кога побарал лојалност од Коми кој тогаш го водеше FBI, криминално-истражната и разузнавачка агенција под надлежност на министерството за правда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.