Македонката Ема Попоска, извршен директор и со-основач на австралискиот стартап „Брон.тек“ се најде во изборот што го направи престижниот магазин „Вог“, меѓу деветте најуспешни жени во светот на технологијата.
Фасцинирани од крипто-валутите и blockchain, Попоска заедно со Војдан Кардалев се преселиле пред две години во Сиднеј, Австралија, за да го стартуваат својот нов проект. Тие веруваат дека таму шансите се поголеми да направиш успешен биткоин стартап.
– Една од најголемите придобивки да бидеме регистрирани во Австралија е фактот што инвеститорите и поголемите клиенти (особено ако сте B2B) делумно го пренесуваат кредибилитетот на една земја како референца за кредибилитетот на стартапот кој потекнува од таа земја. По конкретно, ние развиваме решенија кои се користат за менаџирање сензитивни информации и пренос на вредност (пр. крипто-валути) – изјави Попоска лани на предавањето кое го организарало „Стартап Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


