| четврток, 6 декември 2018 |

Договор СДСМ-ВМРО-ДПМНЕ: Странец ќе ја води комсијата за 24 декември

Европската унија во Скопје веќе подготвила листа со меѓународни експерти

sobranie guzva

Конечно е решено претседател на анкетната комисија за инцидентите од 24 декември да биде странец. Поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не постигнаа договор за експерт од земјава, делегацијата на Европската унија во Скопје подготвила листа со меѓународни експерти, а предлогот е еден од нив да ја преземе задачата претседател на комисијата.
„Алсат-M“ дознава дека ВМРО и СДСМ се согласиле. Станува збор за компромис и од владејачката партија на Никола Груевски, кој првично беше против ваквата опција, со образложение дека странци не треба да се мешаат во внатрешнополитичките прашања на Македонија.
Листата со експерти содржи звучни имиња кои имале значајни функции во меѓународните организации. Двете партии ја разгледуваат за да се доближат до еден заеднички избор. Од кабинетот на претседателот Иванов, исто како и од делегацијата на ЕУ во Скопје, не сакаат да ги откријат имињата со образложение дека сакаат да го зачуваат кредибилитетот на лицето што ќе ја врши таа функција.
Ниту од ВМРО-ДПМНЕ ниту од СДСМ не коментираат дали се блиску до консензус. Властите од Брисел постојано ги критикуваат политичарите во земјава поради неподготвеноста да ги надминат разликите и да ја комплетираат комисијата со што се загрозува исполнувањето на еден од политичките критериуми од Копенхаген, информира „Алсат-М“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top