Премиерот Никола Груевски во просториите на Владата на Република Македонија ќе се сретне со новиот претседател на опозициската СДСМ, Зоран Заев.
Посетата на Заев е во согласност со претходно востановената практика за средба на премиер и лидер на опозицијата.
Шефот на Владата, Груевски претходно телефонски му го честита на Заев изборот за претседател на СДСМ, при тоа му посакал добро здравје и мудрост во работата.
Заев, досегашниот потпретседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, во неделата на партискиот конгрес беше избран за нов лидер на партијата. Кандидати за претседател на партијата беа и Зоран Јовановски и Кире Наумов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата



