Како пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со колешката пратеник Магдалена Манаскова, како досегашни и идни мајки, денес до Собранието на Република Македонија со поддршка од другите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, ќе поднесеме измени на Законот за работни односи што се однесуваат на продолжено породилно отсуство за идните мајки, истакна Нола Исмајлоска Старова на денешната прес-конференција.
Во продолжение следува интегарелн текст од прес-конференцијата.
Сакам да нагласам дека, поднесуваме идентичен Закон со граѓанската иницијатива која што беше поднесена и потпишана од 217 мајки до Собранието на Република Македонија и истата како неуредна, беше одбиена на Комисијата за политички систем од страна на мнозинството предводено од СДСМ.
Нашата цел не е да ја превземеме граѓанската иницијатива, туку преку овие законски измени да ја забрзаме постапката и да им помогнеме на мајките кои што одново треба да ја повторуваат целата постапка која што ќе трае подолго време и повторно ја поднесат иницијативата до Собранието на Република Македонија.
Иако, сите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Беса ја поздравија граѓанската иницијатива од страна на мајките кои што бараа продолжување на породилното отсуство сепак оваа иницијатива беше одбиена од страна на СДСМ како неуредна.
Токму затоа, ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои што сметаме дека овие барања заслужуваат разумна дискусија и навистина би им помогнале на идните мајки, денес одбиената граѓанската иницијатива, преточена во уредно законско решение ја поднесуваме до ова Собрание.
Поради позитивните реакции кои што беа од страна на сите политички партии и пратеници во Собранието, ги повикуваме останатите пратеници да ги поддржат овие измени на Законот за работни односи и заедно, доколку има политичка волја да излеземе во пресрет на овие граѓани и веќе во јули овие измени да се донесат, за во август идните мајки да се израдуваат на бенефитите од продолжувањето на породилното отсуство.
Сметаме дека, доколку овие измени ја добијат поддршката од останатите политички партии, со цел поквалитетно решение ќе треба да организираме јавни расправи на кои што преку дебата ќе ги акумулираме сите мислења од страна на синдикатите, претставниците од засегнатите министерства, невладините организации, стопанските комори и идните мајки.
Граѓанската иницијатива која што беше одбиена од страна на СДСМ како неуредна, е очекуван резултат на кренатите очекувања на граѓаните од страна на политичките партии за време на поледната изборна кампања. Токму затоа ние како одговорни пратеници цврсто стоиме на ставот дека ветувањата мора да се исполнуваат. Нема да дозволиме лажните ветувања кои што ги давало новото парламентарно мнозинство да бидат фрлени настрана.
Уште еднаш, ги повикуваме останатите политички партии со својот потпис на овие законски измени навистина да докажат дека ќе работат со граѓанскиот сектор и сите заедно да задоволиме едно од клучните барања на идните мајки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст