Чинот на репрезентативците на Саудиска Арабија за време на вчерашниот квалификациски меч за Светското првенство со Австралија наиде на огромна осуда од целокупната светска спортска јавност, од едноставна причина што фудбалерите на оваа земја не го испочитуваа протоколот за оддавање почит на загинатите луѓе во терористичките напади во Британија.
Додека фудбалерите на Австралија прегрнати еден со друг застанаа на кругот на средината оддавајќи почит, играчите на Саудиска Арабија заминаа на својата половина, а бидејќи оваа сцена беше навистина непријатна и срамна за гледање, не чуди фактот што реакците беа огромни и доста жестоки.
Поради планетарната популарност која ја доби споменатата сцена, Саудиска Арабија беше приморана да одговори на големите критиките, а федеррацијата во своето објаснување истакна дека не станува зборр за никаква наврреда, туку за ритуал кој е стандарден во арапските земји.
– Ги известивме официјаните лица дека традицијата и културата во Саудиска Арабија е таква што играчите оддаваат почит од позициите на кои играат на теренот. Играчите не се обидоа да покажат непочитување за починатите и нивните фамилии. Федерацијата на Саудиска Арабија е против секаков акт на тероризам и екстремизам, испраќаме искрено сочувство до фамилиите на загинатите лица во Британија – гласи објаснувањето на федерацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.