| четврток, 6 декември 2018 |

Дора Попова, психолог и автор на романот „Превртена љубов“: Стра­да­ње­то и сре­ќа­та се из­бор на чо­ве­кот

Не мис­лам де­ка се за­гу­бе­ни вред­но­сти­те на жи­ве­е­ње­то. Сме­там де­ка са­мо се из­ме­сте­ни кон­цеп­ти­те за вред­но­сти­те, но не и са­ми­те вред­но­сти би­деј­ќи единс­тве­на­та вред­ност е љу­бо­вта, а таа не мо­же да би­де за­гу­бе­на, ве­ли По­по­ва

До­ра По­по­ва е пси­хо­лог, со­ци­о­те­ра­певт и ос­но­вач на Цен­та­рот за при­ме­не­та пси­хо­ло­ги­ја „До­ра“, а не­о­дам­на из­ле­зе неј­зи­ни­от прв ро­ман „Пре­вр­те­на љу­бов“. Ро­ма­нот е при­каз­на за лаж­ни­те со­ни­шта на чо­веч­ко­то его. Со По­по­ва раз­го­ва­рав­ме за ро­ма­нот, за глав­ни­от лик Ло­ре­на, но и за неј­зи­но­то искус­тво ка­ко пси­хо­лог и за тоа што сѐ мо­же да му до­не­се гне­вот на чо­ве­кот. По­по­ва сме­та де­ка на крај са­мо љу­бо­вта мо­же да го спа­си све­тот.

До­ра, кол­ку мо­же да би­де го­ле­мо его­то на чо­ве­кот?
ПО­ПО­ВА: Его­то е на­ши­от „селф кон­цепт“ со кој ние пр­вич­но се иден­ти­фи­ку­ва­ме се­бе­си ка­ко лич­но­сти. Со его­то е по­вр­за­но сѐ што е опип­ли­во, вид­ли­во и до­стап­но за чо­веч­ки­от ум, а тоа се на­ши­те мис­ли, жел­би, чув­ства, ка­ко и це­ли­от над­во­ре­шен свет. Ме­ѓу­тоа, чо­ве­кот е мно­гу по­ве­ќе од се­то тоа со кое се иден­ти­фи­ку­ва, са­мо тоа „мно­гу по­ве­ќе“ тре­ба да го про­нај­де во се­бе. Чо­ве­кот е са­ма­та љу­бов и ни­што по­ве­ќе или по­мал­ку од тоа и не­го­ва долж­ност е да ја открие во се­бе и да ја жи­вее. Ко­га ста­ну­ва збор за жел­би­те и за со­ни­шта­та, се­кој од нас има не­кој сон или ви­зи­ја за са­ми­от се­бе, и тоа е со­се­ма во ред. Јас по­сто­ја­но ве­лам де­ка тре­ба да се има не­ко­ја ви­зи­ја, за ако дој­де ден ко­га си­те смис­ли за кои се др­жи­ме во жи­во­тот ги сне­ма, ви­зи­ја­та ко­ја ја има­ме за са­ми­те се­бе ќе би­де пос­лед­на­та смис­ла за ко­ја би се фа­ти­ле. Крај­на­та цел на на­ши­те теж­не­ни­ја се­ко­гаш оди во при­лог на са­мо­ре­а­ли­зи­ра­ње­то на лич­но­ста. Ме­ѓу­тоа, по­стои раз­ли­ка од ко­ја по­зи­ци­ја ги по­ста­ву­ва­ме це­ли­те во жи­во­тот. Да­ли ги по­ста­ву­ва­ме од по­зи­ци­ја на љу­бов или ги по­ста­ву­ва­ме од по­зи­ци­ја на его. Ду­ри и ко­га ги по­ста­ву­ва­ме од по­зи­ци­ја на љу­бов, его­то има на­ви­ка да се ме­ша. Ако љу­бо­вта е таа ко­ја е глав­ни­от мај­стор во на­ша­та кре­а­ци­ја, его­то е тоа кое ги со­би­ра пло­до­ви­те од таа кре­а­ци­ја и се ки­ти со нив, па до­кол­ку не сме свес­ни ка­ко ра­бо­ти, мо­же да се зав­ле­че­ме во проб­лем со са­ми­те се­бе. На его­то ни­ко­гаш не му е до­ста од ни­што, до­де­ка љу­бо­вта се­ко­гаш си е до­вол­на са­ма­та на се­бе. Љу­бо­вта ко­га тво­ри, тво­ри од по­зи­ци­ја на мир. Неј­зи­на­та единс­тве­на цел е да се да­ва са­ма­та се­бе на ка­ков би­ло на­чин и ту­ка има­ме це­лос­но ужи­ва­ње. Трг­ну­ва­ње­то по па­тот на его­то, всуш­ност, е па­тот по осво­ју­ва­ње­то на што по­ве­ќе до­бра со кои чо­ве­кот ве­ру­ва де­ка ќе ја по­диг­не сво­ја­та бла­го­со­стој­ба, ме­ѓу­тоа штом ед­наш его­то има чув­ство де­ка осво­и­ло, тоа по­са­ку­ва да освои не­што но­во и та­ка до бе­скрај, па ви­стин­ска­та бла­го­со­стој­ба и ужи­ва­ње­то не до­а­ѓа­ат ни­ко­гаш. На кра­јот се слу­чу­ва чо­век са­мо да се чув­ству­ва ис­цр­пе­но од це­ла­та таа игра на сво­јот ум, кој не знае да со­пре и ту­ка, всуш­ност, ја откри­ва­ме ла­га­та што ни ја сер­ви­ра его­то. Ток­му тоа ѝ се слу­чу­ва на мо­ја­та хе­ро­и­на во ро­ма­нот, Ло­ре­на. Таа до тол­ку се зап­ле­тку­ва во ин­три­ги­те на сво­е­то его што на кра­јот ѝ се слу­чу­ва ви­стин­ска тра­ге­ди­ја, ко­ја се вра­ќа ка­ко неј­зи­на не­га­тив­на кар­ма.

Глав­ни­от лик во ро­ма­нот е Ло­ре­на, 25-го­диш­на не­ус­пеш­на сту­ден­тка по ме­ди­ци­на, ко­ја е не­за­до­вол­на од на­чи­нот на жи­вот. Зо­што е кон­тро­верз­на Ло­ре­на ка­ко лик?
ПО­ПО­ВА: Са­ма­та за се­бе Ло­ре­на е по­ве­ќе конф­ликт­на лич­ност откол­ку кон­тро­верз­на би­деј­ќи по­сто­ја­но жи­вее и се из­ма­чу­ва се­бе­си со ста­вот „са­кам, ама не са­кам“. Таа отво­ре­но ги изра­зу­ва и му ги приз­на­ва на чи­та­те­лот сво­и­те крај­но не­вро­тич­ни ка­при­ци, но, од дру­га стра­на, во са­ма­та на­ра­ци­ја откри­ва­ме де­ка до не­ко­ја гра­ни­ца таа се пла­ши неј­зи­ни­те ин­три­ги­рач­ки на­ме­ри да би­дат откри­е­ни од све­тот во кој жи­вее сѐ до мо­мен­тот ко­га ќе по­чув­ству­ва де­ка се за­ду­шу­ва, па приз­на­ва и пред та­мош­ни­те (фи­ктив­ни) ли­ко­ви кои жи­ве­ат во тој неј­зин свет. Неј­зи­на­та кон­тро­верз­ност е по­ве­ќе во смис­ла на хра­бро­ста да приз­нае де­ка ужи­ва во „ло­шо­то“ што го пра­ви. Таа сѐ што пра­ви, пра­ви смис­ле­но од по­зи­ци­ја на его, прос­ле­де­но со чув­ство­то на гнев, со цел да се од­маз­ди на оние за кои ве­ру­ва де­ка ѝ на­не­ле не­ка­ква не­прав­да, па та­ка е при­су­тен неј­зи­ни­от бес­мис­лен бун­то­вен дух кој обо­жа­ва да ги ури­ва „не­пра­вед­ни­те авто­ри­те­ти“ са­мо за да се олес­ни од од­го­вор­но­сти­те кои тие авто­ри­те­ти ѝ ги на­мет­ну­ва­ат и да жи­вее хе­до­ни­стич­ки жи­вот на ви­со­ка но­га без мно­гу на­пор, ко­ри­стеј­ќи се со ин­три­ги пре­ку кои ги нав­ле­ку­ва бо­га­ти­те ма­жи. Во таа на­со­ка, Ло­ре­на до­не­су­ва од­лу­ки со цел да ги ос­тва­ри лаж­ни­те со­ни­шта за кои мис­ли де­ка ќе ѝ до­не­сат сре­ќа, но штом ед­наш ги ос­тва­ри ѝ ќе се нај­де сре­де нив­на­та ре­ал­ност, тоа за неа ста­ну­ва те­гоб­но, за на кра­јот, отка­ко ќе се слу­чи це­ла­та тра­ге­ди­ја, да ста­не то­тал­но бес­мис­ле­но.

Од Ва­ше­то искус­тво, што мо­же да му до­не­се гне­вот на еден чо­век?
ПО­ПО­ВА: Ка­ко пси­хо­лог, мо­жам да ка­жам де­ка лу­ѓе­то сѐ по­ве­ќе има­ат проб­лем со ме­на­џи­ра­ње­то на лу­ти­на­та и тоа е ед­на од че­сти­те при­чи­ни по­ра­ди ко­ја се ја­ву­ва­ат да по­ба­ра­ат по­мош. Лу­ти­на­та е вро­де­на емо­ци­ја кај чо­ве­кот. Са­ма­та по се­бе не мо­ра да зна­чи де­ка е се­ко­гаш штет­на би­деј­ќи по­сто­јат си­ту­а­ции ко­га таа е нуж­на и му слу­жи на чо­ве­кот ка­ко за од­бра­на, та­ка и за по­ста­ву­ва­ње гра­ни­ци со цел да се за­шти­ти са­ми­от се­бе. Ме­ѓу­тоа, таа ста­ну­ва штет­на се­ко­гаш ко­га чо­ве­кот ја пу­шта не­свес­но и не­о­прав­да­но, а ко­га ве­лам не­свес­но мис­лам на не­ка­ков над­во­ре­шен „фа­ктор“ кој авто­мат­ски го пот­тик­ну­ва агре­сив­но­то од­не­су­ва­ње, без лич­но­ста да раз­мис­ли да­ли на тој „фа­ктор“ по­стои об­је­ктив­на при­чи­на да му би­де упа­те­на лу­ти­на. „Фа­кто­рот“ мо­же да би­де не­чиј збор, не­ка­кво ту­ѓо по­ве­де­ние кое ѝ пре­чи на лич­но­ста, а не­ма ни­ка­ква вр­ска со неа итн. На тој на­чин лу­ти­на­та мо­же да ста­не на­ви­ка и то­гаш лич­но­ста мо­же да си на­пра­ви се­ри­о­зен проб­лем во од­но­си­те со дру­ги­те лу­ѓе око­лу неа.

Да­ли мис­ли­те де­ка ка­ко оп­штес­тво ги за­гу­бив­ме ви­стин­ски­те вред­но­сти на жи­ве­е­ње­то?
ПО­ПО­ВА: Тоа што се слу­чу­ва кај нас, се слу­чу­ва на гло­бал­но ни­во, се­ка­де во све­тот. Лич­но, не мис­лам де­ка се за­гу­бе­ни вред­но­сти­те на жи­ве­е­ње­то. Сме­там де­ка са­мо се из­ме­сте­ни кон­цеп­ти­те за вред­но­сти­те, но не и са­ми­те вред­но­сти би­деј­ќи единс­тве­на­та вред­ност е љу­бо­вта, а таа не мо­же да би­де за­гу­бе­на. Таа мо­же да би­де са­мо не­ре­а­ли­зи­ра­на ка­ко ре­зул­тат на збу­не­то­ста ко­ја вла­дее во умот на лу­ѓе­то. Лу­ѓе­то се оби­ду­ва­ат да жи­ве­ат по тие кон­цеп­ти, но по не­кое вре­ме сфа­ќа­ат де­ка жи­ве­еј­ќи по та­кви­те кон­цеп­ти, одат про­тив са­ми­те се­бе и по­втор­но се вра­ќа­ат на она што има ви­стин­ска смис­ла. Не ве­лам де­ка баш си­те се вра­ќа­ат, но тие што ста­на­ле свес­ни пре­ку сво­е­то искус­тво, на­у­чу­ва­ат да го жи­ве­ат пра­вил­но жи­во­тот. Оние дру­ги­те стра­да­ат на ва­ков или она­ков на­чин, иа­ко го­лем дел од нив не збо­ру­ва­ат за тоа или не си го приз­на­ва­ат ду­ри ни на са­ми­те се­бе од ед­на мно­гу ед­но­став­на при­чи­на што и са­ми­те се на­вик­ну­ва­ат на та­кви­от жи­вот, кој се пре­тво­ра во зо­на на ком­фор. Се­пак, и стра­да­ње­то и сре­ќа­та се из­бор на чо­ве­кот.

Да­ли уба­ви­на­та, на кра­јот, ќе го спа­си све­тот?
ПО­ПО­ВА: Лич­но сум убе­де­на де­ка на кра­јот са­мо љу­бо­вта мо­же да го спа­си све­тот, а што се од­не­су­ва до уба­во­то, сѐ што е љу­бов­но е и уба­во. Љу­бо­вта е на­се­ка­де око­лу нас, са­мо чо­ве­кот тре­ба да ја пре­поз­нае би­деј­ќи по на­ви­ка го пре­поз­на­ва­ме не­га­тив­но­то во дру­ги­те, но не го пре­поз­на­ва­ме во са­ми­те се­бе, а уште по­мал­ку са­ка­ме да се за­ни­ма­ва­ме со сво­е­то не­га­тив­но, па за­тоа не­свес­но го про­е­кти­ра­ме нај­че­сто во фор­ма на суд кон дру­ги­те. Ток­му за­тоа са­кав да соз­да­дам не­га­ти­вен гла­вен лик во мо­јот ро­ман, со цел по­ве­ќе да ги доб­ли­жам чи­та­те­ли­те до сво­е­то не­га­тив­но би­деј­ќи доб­ли­жу­вај­ќи се до сво­е­то не­га­тив­но, ќе мо­же­ме да го раз­бе­ре­ме и ту­ѓо­то не­га­тив­но без да го су­ди­ме, и со тоа на кра­јот би на­у­чи­ле да ја при­фа­ти­ме це­ло­куп­на­та чо­веч­ка при­ро­да и да ста­не­ме по­свес­ни би­ти­ја.

Да­ли љу­бо­вта се­ко­гаш е спре­че­на да те­че по при­род­ни­от пат?
ПО­ПО­ВА: Љу­бо­вта ни­ко­гаш не е спре­че­на да те­че по сво­јот при­ро­ден пат. Таа по­сто­ја­но те­че, не­за­вис­но од по­сто­е­ње­то на чо­ве­кот би­деј­ќи неа ја има на­се­ка­де око­лу нас. Од неа е соз­да­де­но сѐ, ме­ѓу­тоа ко­га ста­ну­ва збор за чо­ве­кот, че­сто тој са­ми­от во се­бе го спре­чу­ва неј­зи­ни­от при­ро­ден тек, а тоа нај­че­сто го пра­ви со сво­јот его-ум, чи­е­што глав­но оруж­је му се сом­не­жот и стра­вот. Но, ду­ри и то­гаш љу­бо­вта не пре­ста­ну­ва да те­че, са­мо е не­ре­а­ли­зи­ра­на и из­ле­гу­ва во не­ко­ја дру­га фор­ма, а тоа е нај­че­сто агре­си­ја­та, ко­ја се­ко­гаш е до­бар знак за тоа де­ка дош­ло вре­ме за се­бе­транс­фор­ма­ци­ја.

Разговараше: Александра М. Бундалевска
(Текст објавен во 249. број на неделникот „Република“, 9.6.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top