| четврток, 6 декември 2018 |

Неморална понуда од Кина за Кристијано Роналдо!

Најдобриот фудбалер на планетата Португалецот Кристијано Роналдо ги подгреа шпекулациите дека во летниот преоден рок може да си замине од Реал Мадрид.

Тој на собирот на репрезентацијата за престојните квалификациски натпревари за Светското првенство и подготовките за Купот на конфедерациите што ќе се игра во Русија, кратко изјави дека се е можно.

Како што пишува шпански „АС“ кој е близок до раководството на Реал Мадрид и кој досега не погрешил околу трансферите во „кралскиот клуб“, најавува дека неименуван кинески клуб испратил понуда од 200 милиони евра за клубот и дури 120 милиони евра по сезона за Роналдо.

Во мај кинеската фудбалска федерција донесе закон со кој секој трансфер кој ќе биде направен на странски фудбалер во нивната земја да се оданочи 100 проценти!

Што значи ако Реал Мадрид и Роналдо ја прифатат понудата од 200 милиони евра, тоа значи дека кинескиот клуб ќе мора да плати уште 200 милиони на федерацијата, пари кои ќе се искористат за развој на фудбалот во таа земја. Вклучувајќи ја и годишната плата тоа значи дека целиот трансфер би изнесувал повеќе од половина милијарда, нешто што е рамно на лудило.

Слична ваква неморална понуда во висина од 180 милиони евра, Реал Мадрид одбил во текот на зимскиот преоден рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top