| четврток, 6 декември 2018 |

Преспав во Острог, тоа што ми се случи таму ќе го паметам до крај на животот

За манастирот Острог и приказните поврзани за него нема кој не слушнал, а многумина биле и сведоци на чудата во него. Една жена од Белград раскажува што и се случило кога отишла да преспие во манастирот.

– Прво да ви кажам едно нешто, ако некогаш сте слушнале дека не може да одите кога вие сакате туку кога ќе ве повика Свети Василиј, тогаш тоа е вистина, јас тврдам! По неколку месечно договарање, плановите пропаѓаа, немав време, немав пари, а сакав да одам. Кога се откажав од идејата ми стигна повик, сакаш ли во петок да одиме на острог?, вели девојката.

Таа раскажува дека прв пат по толку години патувала без проблеми и веднаш и се развлекла насмевка на лицето кога стигнала во манастирот.

– Уште на портата 300 луѓе, едвај пројдовме, чекавме два часа. Главата многу ме болеше од сонцето, а кога стигнав до моштите на светецот верувајте ми, главоболката исчезна, ама буквално! Вечерта заспав како бебе, а утредента ги отворив очите и видов нешто што ми се врежа во душата. Како мала секогаш гледав во завесата каде гранките правеа фигури и се радував, а сега се појави истото пред мене, буквално ми требаше време да се свестам каде сум, вели девојката.

Таа вели, среде гранките ликот на Василиј, се стаписав, знаев дека и да кажам нема да ми веруваат.

– Му бев благодарна што ми дозволи да ја видам таа убавина, завршува таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top