| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно: Меланија ја донела одлуката на која долго време се чекаше

Откако на крајот од минатата недела во јавноста одекна приказната дека Меланија и Доналд Трамп се разведуваат, и тоа поради нејзина наводна афера, денес од Вашингтон пристигнуваат поинакви вести. Имено, Меланија се вселува во Белата куќа.

Извори блиски до претседателската двојка велат дека Меланија веќе се пакува и дека на 14 јуни ќе биде станар во претседателската резиденција.

Го одбрала тој датум бидејќи тој ден е 71-от роденден на нејзиниот сопруг, па воедно претставува и добра прилика за брачниот пар Трамп да испрати убава слика во светот после снимките на кои се гледа како Меланија го удира Доналд кога тој се обидува да ја фати за рака, односно тврдењата дека првата дама го изневерува претседателот на САД веќе со години.

Меланија Трамп моментално живее во Њујорк во „Trump Tower”, каде што останала после инаугурацијата поради школувањето на нивниот син Барон, како што објасни тимот на Доналд Трамп.

Инаку, бракот на Трампови веќе долго време е на мета на таблоидите кои тврдат дека нивниот однос опстанал само благодарение на победата на Доналд на претседателските избори. Наводно, нивните адвокати склучиле договор според кон нема да има развод се` додека Трамп е на функцијата на првиот човек во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top