| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Цетински во солзи: По 25 години се разделуваме!

Тони Цетински си заминува од Загреб, градот во кој помина повеќе од половина од својот живот. Тој се враќа во Истра, поточно во Ровињ, а својата одлука им ја соопшти на обожавателите преку тажна објава.

– Драг граду Загреб! Ти дадов колку што можев и знаев, но дојде време по 25 убави години, конечно да се разделиме. Не, не се разочарав, но мислам и дека премногу издржав со телото и со главата овде, а со срцето и душата во својата родна Истра. Ти нема многу да изгубиш, но јас многу ќе добијам кога ќе се вратам дома. Да, си одам, си одам дома!

Ја продолжи објавата со тоа што кажа дека најважен му е мирот и чувството на припадност. Сака да биде дома со своите. Исто така, Тони искрено си напиша дека плачел додека ја пишувал неговата објава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top