| четврток, 6 декември 2018 |

Никако да и се посреќи: Момчето на Џенифер Лопез си испраќал сексуални пораки со друга жена? (Фото)

Фитнес моделот Лорен Хантер (34), изјави дека момчето на дивата Џеј Ло всушност цело време ѝ испраќал “непристојни пораки” …

Џенифер Лопез и нејзиното момче Алекс Родригез, минатиот месец присуствуваа на својот прв официјален настан заедно, делувајќи заљубено на црвениот тепих на Мет Галата.

Но, шокантните изјави би можеле да ја разбрануваат нивната нова врска.

Фитнес моделот Лорен Хантер (/Lauren Hunter) (34), изјави за американскиот таблоид “The National Enquirer” дека поранешниот безбол играч, за кого таа тврди дека излегувала со него во 2011-та година, дека тој и праќал “непристојни” пораки и дека се “секс-пишувале” додека тој е во врска со Џенифер Лопез.

Таа тврди дека откако тој започнал официјално да излегува со Џеј Ло (47) во Март, тој и мајката на три деца, Лорен, наводно “започнале да си испраќаат пораки со сексуална содржина, вклучувајќи и видеа, по три до четири пати на ден. Лорен му испраќала експлицитни фотографии и пораки откако тој го побарал тоа од неа …”

Во објавата пишува дека “На 10-ти мај, минатиот месец, Алекс ѝ кажал на Лорен дека му недостига, а на 11-ти мај побарал од неа да му испрати видео од неа како изведува сексуален чин” ..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top