| четврток, 6 декември 2018 |

Родители обвинети за смртта на нивното бебе бидејќи „го лечеле со молитви“

Америка ја потресе веста за смртта на новороденчето кои родителите го оставија да умре бидејќи не веруваат во современата медицина.

Тревис и Сара Мичел се припадници на Црквата на исусовите следбеници што не верува во современата медицина, туку се потпира на молење и лековити масла за лечење.

Двајцата се обвинети за убиство бидејќи наместо да го однесат на болница, решиле да го лекуваат болното новороденче со молитви.

Бебето умрело само неколку часа по раѓањето.

Сара Мичел родила женски близначиња во куќата на баба ѝ и дедо ѝ, а присутни биле само членови на семејството и бабица.

Едното од новороденчињата починало веднаш по раѓањето бидејќи имало проблеми со белите дробови што настанале поради прераното породување.

Доктор Карен Гансон вели дека Мичел се породила два месеци порано, но дека едното од бебињата можело да преживее ако родителите го однеле на лекар.

Дејл и Шенон Хикман, членови на верска органоизација, беа осудени на шест години затвор во 2011 година поради убиство од небрежност на нивното бебе бидејќи не го однеле на лекар.

Истата година држвата забрани користење на аргументот „верско лечење“ како аргумент во одбраната во случаи за убиство од небрежност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top