| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски продолжи со партизацијата во МВР: Разрешени високи полициски функционери

Оливер Спасовски ги разрешил началникот на Централната полициска служба, Горан Георгиевски, началникот на Специјалните единици, Митко Пешов, како и 30-ина други професионалци од редовите на МВР. Спасовски кој што вон воспоставените критериуми за унапредување и професионализам во македонската полиција, партизацијата ја почна и на сила ја спроведуваше во МВР додека управуваше како технички министер, сега ја продолжува и надополнува.

За потсетување, Спасовски тогаш ги смени началниците што работеа и обезбедуваа докази за предметот „Поткуп“ за неговиот претпоставен Зоран Заев и за „Фабрика за афери“ за Закир Бекири Чауш, односно началниците на одделите за организиран криминал и прикриени операции. Беа сменети и седум началници на регионалните сектори за внатрешни работи, како и командантот на „Алфите“.

Спасовски незаконски разместуваше професионални полициски кадри и на нивно место инсталирал партиски послушници.Тогашните персонални смени вон системот за кариера во МВР, со унапредувања со прескокнување дури и на по 7 скалила во хиерархијата, и ефектот од нив, вработените во полицијата ги оценија како „најлошите осум месеци на Министерството“. Не била спроведена ниту една акција, а се паметат невидените бламажи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top