Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате:
Аболираниот бара „нов живот“ за СЈО
Ново судство за нови хајки против ВМРО-ДПМНЕ и нови амнестии за Заев
Смената на јавниот обвинител Марко Зврлевски и преземањето на контролата на СДС врз Основното јавно обвинителство, кое се врши под плаштот на „реформи во судството“, повеќе од јасно е дека е нема цел департизација на судството, туку треба да обезбеди „нов живот“ на СЈО за да ја продолжи хајката против ВМРО-ДПМНЕ, членовите на раководството и другите политички противници на Заев сѐ до нивно целосно уништување. Пораката на Заев до обвинителот да си поднесе оставка од позицијата уште првиот ден од нелегалното заземање на власта е доволно јасен показател како планира да ја практикува власта. Впрочем, ако на сите ни е јасно дека заканите и нападите врз неистомислениците ќе стануваат сѐ порадикални и поопасни, како во случаите со нападите врз членовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Никола Тодоров, тогаш, исто така, треба да ни биде јасно дека замената на Зврлевски ќе треба на извршителите и на нарачателите на овие кривични дела да им овозможи правна заштита.
Македонија пред свршен чин
Влез во НАТО само со скршена кичма
По неколку години примирје со јужниот сосед, прашањето за името повторно станува една од централните точки за која говори јавноста, а од владата се очекува брз исчекор. Неколкуте најави на новиот министер за надворешни работи дека со непровоцирање кон Грција и со активна и конструктивна дипломатија наскоро може да се очекува напредок создава лажна слика дека спорот со Грција само што не е решен. Иако оваа влада во кампањата не ветуваше решение за името и влез во НАТО за шест месеци, како што беше случај во 2008 година, сепак очекувањата пораснаа до небо. Дел од граѓаните што на референдум би гласале за промена на уставното име се нестрпливи, тие би сакале решение веднаш, без разлика дали ќе бидеме горни или долни, без разлика какви атрибути на државност ќе добиеме во графите на Обединетите нации. Овие луѓе, колкав и да е нивниот број, не смеат да создадат лажна слика дека сѐ е прифатливо и дека само поранешната влада е виновна што немаше решение за името. Во спротивно, Македонија ќе има многу поголем проблем од тој што го има сега, а и овој не е мал.
Предавникот најави прецизна агенда
Продажба на националните интереси за брза интеграција
Предизборната пораката на Заев од Берн пред албанската дијаспора дека „не може Македонија да е во право“ во контекст на фашизоидните ставови за негирање на сѐ што е македонско и отворените територијални претензии, сега ги пренесе во официјалната државна политика. Без никаква стега дека со тоа ги нарушува позициите на државата рече дека Македонија не е „китка за мирисање“.
За сѐ друго – од отворање работни места и повисоки плати, до враќањето на евтината тарифа, сега ќе дебатира. Всушност, ќе дебатира за сѐ, освен за тоа што е поставен – да го урива македонскиот идентитет. Заев е сигурен само за потпишување договор со Атина, за прифаќање издиктирано име за државата, без да се земат предвид националните интереси. За жал, и најцрните предвидувања почнуваат да се остваруваат пред очите на македонската јавност. Или, како што вели Заев, агендите на патот кон ЕУ и кон НАТО се „многу прецизно дефинирани“.
Кој губи, а кој добива?
Со покачените даноци ќе се зголеми јазот меѓу богатите и сиромашните
Зголемувањето на даноците за една категорија граѓани ќе значи создавање голем јаз меѓу луѓето со пониски и со повисоки примања, но и отворање простор за наоѓање заобиколни патишта за неплаќање на повисоките даноци, односно ќе се зголеми бројот на затајувачи на данок. Така место да се зголемат, даночните приходи во буџетот ќе се намалат. Две даночни стапки на персонален данок на доход од 10 и од 18 отсто значи разлика од 80 проценти, која е преголема и неодржлива и нема да ги даде потребните фискални ефекти.
Се враќаат изместените вредности од транзицијата
Реформа е унапредување на екстерното, укинувањето е политички каприц
Тоа што за пензионерите е зголемувањето на пензиите, тоа за учениците беше укинувањето на екстерното тестирање. И двете ветувања беа дел од реформите на „реформаторот“ Заев. Токму укинувањето на екстерното тестирање го означи почетокот на работата на неговата влада. Популистичка мерка широко поздравена од родителите и од децата. Но, што добивме сега, откако екстерното веќе го нема?
Иако непопуларна мерка за учениците, екстерното тестирање беше неопходен одговор на државата на застојаноста на водите што протекуваат низ образовниот систем. Брзиот глобален тек и минималните поместувања во образовниот систем со годините создадоа образовно мочуриште, кое почна да произведува одлични ученици со слабо знаење. Екстерното тестирање требаше да биде, пошироко, и општествен коректор на вредностите изместени во транзицијата.
колумна, Ацо Станковски
Механизми
Стравот е механизмот на владеењето. Оттаму произлегува авторитетот на тој што владее. Но не само од овие рудиментирани механизми на битисувањето, од овие прастари и бестијални модалитети на ривалство и на престиж, сѐ со цел да се наметне волјата на егото на управителот со пирамидалните структури на моќта. Постојат и механизми на добродетел и на прогрес. Луѓето го сакаат тоа, да бидат фактор на некоја значајна епизода од историјата. Да создаваат нови визии и светови. Луѓето во својата изворна форма се деца, кои најмногу сакаат да си играат. Но ужасните моменти од животот ги исполнуваат со грижи и анксиозност, а потоа, сите на работа или ќе заигра корбачот.
Вардар ни покажа колку сме поделени
Култура на (не)успехот
За жал, дел од македонската јавност, место победите на Вардар да ги искористи за намалување на тензиите што постојат во поделеното македонско општество, ги злоупотреби за предизвикување дополнителна поделеност. Тие го гледаат Вардар не како спортски успех, туку како обнова на националниот дух на Македонецот, кој има ретка можност да победува во Европа и во светот. Дури и да не се свесни за оваа психолошко-спортска карактеристика на победите на Вардар, тие луѓе што поради политиката се подбиваа со Вардар треба да знаат дека на овој народ му се потребни победи за да биде посамоуверен и поамбициозен, за да верува повеќе во себе. Или, пак, идејата е европскиот шампионски пехар да се прикаже како вештачки успех, кој прилега на вештачка нација?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст