Околу триста хористи од девет хорови од Македонија, Бугарија, Косово и Албанија ќе учествуваат на 26-то издание на меѓународниот хорски фестивал Техо што викендов (11 и 12 јуни) ќе се одржи во Тетово…
Директорот на фестивалот Ивица Зориќ на прес-конференција информираше дека хористите ќе настапат во две фестивалски вечери во сабота и недела.
Овогодинешното издание на Техо е одбележување на јубилејот од 80 години од раѓањето на македонскиот композитор Сотир Голабоски и 10 години од смртта на Драгослав Ортаков така што најголем дел од хоровите по препорака на организаторот во својот репертоар имаат дела од овие автори.
– Во сабота ќе настапат женскиот младински хор при МКЦ од Скопје под диригентство на Сашо Татарчевски. Тој ќе диригира и со мешаниот хор Драган Шуплевски при ФМУ што ќе ја затвори првата фестивалска вечер. Во меѓувреме пред тетовската публика ќе се претстават мешаниот хор За од Ѓаковица, Косово под диригенство на Астрит Паласка, мешаниот камерен хор Васил Аранаудов од Софија, Бугарија со кој ќе диригира Теодора Павлович и друштвото Пријатели на музиката Розафа Експрешон од Скадар, Албанија. Во недела ќе се претстават мешаниот хор Вокс Лихнидос од Охрид под диригентство на Бурим Хидри, мешаниот хор при универзитетот Хаџи Зека од Пеќ, Косово со диригентот Хисен Нимани, мешаниот хор при Државниот универзитет во Тетово со кој ќе диригира Арификмет Џемаили и градскиот женски младински хор Менада од Тетово под мое диригентство, изјави Зориќ.
Настапот на хоровите ќе биде во големата сала на Центарот за култура Иљо Антески Смок во Тетово, а влезот е слободен. Фестивалот Техо е поддржан од Министерството за култура на Македонија, Општина Тетово и повеќе фирми и лица вљубеници во хорската музика.
Во рамките на Техо овој септември во духовниот културен центар Кирил Пејчиновиќ во манастирскиот комплекс во Лешок ќе се одржи меѓународна конференција под наслов Хорските ансамбли во тарнзицискиот период на балканските земји – состојби и решенија на која ќе учествуваат претставници на Балканскиот хорски форум од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина најавија организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст