| четврток, 6 декември 2018 |

За 20 години ќе биеме битка за живот

Академик Федор Месингер, еден од најпознатите светски метеоролози ги предупредува луѓето дека во брзо време ни претстои битка за живот, поради пораст на температурите.

Летото што доаѓаа, најверојатно, ќе биде потопло од минатото. Тоа значи дека во атмосферата има повеќе водена пареа, па треба да се очекуваат сериозни летни горештини кои ќе бидат се почести, за разлика од оние пред десетина година.

Тропските циколни ќе бидат почести и посилни, што подразбира силни ветришта и грмотевици, молњи, град и дожд.

Академик Месингер (84) е доктор по метеоролошки науки, еден од 12-те „апостоли“ на светската метеорологија во областа на нумеричката прогноза.

Своето тврдење тој го засонва на фактот што последните три години биле многу топли, секоја потопла од претходната, а тоа, според него, никогаш не се случило во последните 150 години.

– Климата се менува драматично брзо и тоа пред нашите очи. Набљудувањата покажуваат дека мразот се топи, а сателитите забележале како се смалува површината која е под мраз на Арктик. Во науката нема сомнеж дека се случува сериозно глобално затоплување. Но, за да знаеме што не очекува во иднина, треба да се знае или да се претпостави како се менува составот на атмосферата. А современиот човек, за жал, е првиот причинител на тие промени – вели академик Месингер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top