| четврток, 6 декември 2018 |

Генералниот директор на ЕЛЕМ поднесе оставка од две функции во Владата

Христијан Мицкоски, генералниот директор на ЕЛЕМ, поднел барање за раскинување на договорот како надворешен соработник од областа за енергетика во претходната влада.

Мицкоски поднел и неотповиклива оставка од член на Комисијата за спроведување на постапката за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во регион 1,2,3.

Христијан Мицкоски ткако универзитетски професор и како експерт своите советодавни услуги ги даваше про боно. Тој изјави и дека се повлекол и од Комисијата за Чебрен и Галиште, а барањето го доставил до Министерството за животна средина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top