| четврток, 6 декември 2018 |

Парите за дупките закрпија луксузен отчет од 32.000 евра: Жерновски најави кандидатура за градоначалник на Центар или на Град Скопје

Денес градоначалникот на  општина Центар свикал прес-конференција на која го презентирал својот отчет за сработеното во изминативе 4 години, а воедно ја најавил и својата кандидатура за следните локални избори кои е предвидено да се одржат во октомври.

Одговарајќи на новинарски прашања, Жерновски рече дека ќе се кандидира за нов мандат за градоначалник на општина Центар. Тој кажа дека е политичко прашање дали ќе биде кандидат на СДСМ или самостоен кандидат.

– Кандидатурата ја предадов преку партијата и ја очекувам нивната поддршка. Резултатите се тука, анкетите исто говорат за мојата поддршка. Имам слушнато за идеите за тоа да бидат кандидат за градоначалник за Град Скопје, но за ова уште не е разговарано, рече Жерновски.

Иако засега Жерновски не знае кој ќе го поддржи  дали се кандидра за градоначалник на Центар или на Град Скопје, тоа не го спречило на самиот настан на присутните новинари да им подели скапоцени книги „Центар 2013-2017“, отчет испечатен на цели 240 страници во боја.

По настанот новинарите добиле информација дека за 10.000 примероци во кои Жерновски ја испечатил оваа книга биле потрошени 1.986.172 денари или 32.295 евра.

Ова несомнено е една висока цифра за материјал кој нема ниту најмалку да им го подобри животот на центарци, а доаѓа од градоначалник кого жителите од неговата општина секојденвно го потсетуваат за проектите кои ги ветил, а не ги исполнил.

Најзгрозени од луксузниот отчет на Жерновски беа мегафоните од Соросовата армија. Саша Цветковска иронично забележува дека центарци најмногу од се сакаат да му ја финансисраат кампањата, а Никола Наумоски, пак, вели пиши отчет и што ти е гајле, алудирајќи на празните луксузни страници зад корицата.

 

И додека градоначалникот на Центар се решил да го одврзе кесето на општината за да подели квалитетни колор отчети, неговите жители месеци наназад апелираат и бараат да се зафати со работа на проекти кои на граѓаните им се потребни.

Пред помалку од два месеци жители од Маџир Маало, населбата која во 21 век нема фекална и атмосферска канализација, апелираа да се санира инфрастуктурата во населбата и да се урбанизира барем со едно катче за рекреација.

„Центар сака да дише“: Негрижата на градоначалникот Жерновски кулминира (ВИДЕО)

Од граѓанската иницијатива „Центар сака да дише“ во повеќе наврати бараа да престане практиката на градоначалникот Жерновски да ветува дека се залага за почист воздух, а секојдневно да издава нови дозлови за градба. Ова се само мал дел од рекациите на жителити, кои не добија многу од ветеното, а со новиот скапоцен отчет на Жерносвски, сигурно нема да добијат ништо што ќе им го подобри животот.

„Центар сака да дише“: Жерновски исече дрва стари 30 години за профит

Жерновски прозван: Ветивте дека веќе нема да се гради, а продолживте да го уништувате срцето на Центар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top