Во Република Македонија минатата година бројот на умрени лица е намален за 0,2 отсто и изнесува 20.421 лице, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци поголем број се од машки пол и тоа 10.746 или 52,6 отсто од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 273 и нивното учество во вкупниот број умрени лица изнесува 1,3 на 100 умрени лица.
Просечната возраст кај умрените лица од машки пол изнесува 70,3 години, односно 74,7 години кај лицата од женски пол, или за 4,3 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Според месецот на смртта, најголем број случаи 2.022 се регистрирани во декември.
Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем 53,5 отсто од вкупно умрените, потоа се јавуваат неоплазмите со 1 процент, случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести се застапени со 5,5 отсто, а случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем се застапени со 4,1 отсто од вкупно умрените лица
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст